Црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ е првото засилување за Металург, а левото крило се сели во Скопје од редовите на битолскиот Пелистер.
Металург конечно ангажираше ракометар по серијата заминувања од клубот, кој ја заврши сезоната на третата позиција на табелата во домашното првенство и по долг период нема да игра во Лигата на шампионите.
Поповиќ ќе треба да му помогне на некогашниот четврт-финалист во ЛШ што подобро да се претстави во Купот на ЕХФ, откако ЕХФ ја одби апликацијата на Металурзите за настап во елитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.
Покрај Вардар, во ЛШ ќе игра и второпласираната екипа од нашето првенство, битолски Работник Еурофарм.