Килијан Мбапе кажа што му е приоритет

Младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој во кариерата има светска титула со својата репрезентација и три титули во француската лига, сега сака да ја освои Лигата на шампионите. Клупските титули му се поважни од индивидуалните на 20-годишниот Мбапе кој и во следната сезона ќе игра во парискиот клуб.

„Поважно ми е да ја освојам ЛШ, бидејќи златната топка или златната копачка не значи дека ќе останете запаметенц во историјата. Фудбалот е тимски спорт, не сте сам, играат уште 10 играчи. Да бев тенисер, ќе кажев дека поважни ми се индивидуални трофеи. Во фудбалот, ако сакате да освоите златна топка, треба да освоите ЛШ. Златна топка без ЛШ, не значи многу во очите на светот. Не ми е намерата да бидам најдобар во историјата, туку да се гордеам со тоа што сум давал максимум на секој меч“ – изјави Мбапе кој следното лето можеби ќе се пресели во Реал Мадрид, а оваа сезона ќе се обиде со ПСЖ да се искачи на европскиот врв.

- Оглас -

Најнови вести