Франција ја победи Хрватска со 1-0 и дојде на чекор од пласман во полуфиналето на младинското ЕП во Италија и Сан Марино, за играчи до 21 година. Стрелец на голот беше Муса Дембеле во 8 минута. Напаѓачот на Лион, со феноменален скок натскока двајца противнички играчи и со шут со глава постигна убав гол кој се покажа како единствен на средбата.
Сега во групата Ц, Романија и Франција имаат по 6 бода, а Англија и Хрватска се на нула. Французите со победата над Хрватите речиси си обезбедија пласман во полуфиналето на континенталниот шампионат, а истото важи за Романците. Може да се случи во последното коло кога ќе играат овие две селекции, да им одговара нерешен резултат, за и едните и другите да влезат во битката за медалите.
Погледнете го голот на Дембеле:
https://www.youtube.com/watch?v=m8ckaZJxN6g