Одбиена најлудата понуда во летниот преоден рок

Вилијан Боргес не е како останатите типични ѕвезди од Бразил. Играчот на Челзи не сака вечерни излегувања и е фокусиран на фудбалот, па затоа повеќе од една деценија игра на врвно ниво. Вилијан веќе шест години игра во Челзи, а пред неколку дена добил неверојатна понуда.

За 30-годишниот Бразилец пристигнала неверојатна понуда од кинескиот тим Шангај Гринланд Шенхуе. Кинезите биле подготвени на Вилијан да му платат 257.000 евра неделна плата, плус бонусите, сопствен апартман платен од клубот, два автомобили со личен шофер, како и беслнатни авионски билети за било кој дел од светот.

Иако понудата била многу богата, Бразилецот одби да си замине од Челзи, сакајќи да остане во врвниот европски фудбал, а кинеските милиони ги остави зад себе. Досега, тој има одиграно 292 меча за Челзи и има постигнато 52 погодоци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести