Федерер обезбеди рекордно 13-то финале во Хале

Роџер Федерер против Давид Гофин ќе игра во финалето на турнирот во Хале. Швајцарецот стигна до рекордно 13-то учество во финалето, откако славеше со 6:3, 6:3 против Пјер Југ Ербер од Франција. Легендарниот 37-годишен тенисер не му даде никаква шанса на противникот да се надева на чудо, па мечот траеше нешто повеќе од еден час.

Федерер утре ќе се обиде да стигне до 10-та титула на овој турнир. Интересно е што Роџер во кариерата нема 10 титули на ниту еден турнир, што значи дека утрешниот меч против Гофин ќе има посебно значење за него.

Некогашниот 7-ми тенисер на АТП листата, Гофин во полуфиналето го победи Матео Беретини од Италија со 7:6, 6:3 и ќе игра во првото АТП финале по пауза од АТП турнирот во Лондон во ноември 2017 година.

Федерер има седум победи во досегашните осум меча против Гофин. Овие тенисери имаат играно еднаш и во Хале. Во четвртфиналето на турнирот во 2016 година, Федерер победи со 6:1, 7:6.

 

- Оглас -

Најнови вести