Грчкиот шампион Панатинаикос е во потрага по нов тренер, откако успеа да го наговори Рик Питино да го продолжи договорот. Двете страни се разделија по шест месеци, откако Американецот во декември минатата година дојде на местото од Чави Пасквал, па го одведе тимот до разигрувањта во Евролигата, како и двојната круна во Грција.
„Рик Питино повеќе нема да биде тренер на првиот тим. Од таборот на нашиот клуб му се заблагодаруваме на прекрасниот човек кој во изминативе неколку месеци ни помогна да ги оствариме нашите цели. Иако сакавме тој да остане тука, можеме само да му посакаме среќа во иднина каде и да продолжи да тактизира. Рик секогаш ќе биде дел од зеленото семејство и секогаш ќе биде добредојден“, стои во соопштението на клубот.
И првичниот договор на Питино и ПАО беше соработка до крајот на сезоната, но челниците на клубот се надеваа дека ќе прифати продолжување на истата, но се чини дека искусниот Американец има други планови.