Луис Хамилтон ја запиша шестата победа за оваа сезона во Формула 1 откако беше најбрз и на трката за Големата награда на Франција. Актуелниот светски првак трката ја заврши како што ја започна, од првата позиција, а оваа победа воедно е шестта еден-два за тимот на Мерцедес, бидејќи по Британецот како втор најбрз заврши Валтери Ботас.
На подиумот како третопласиран се искачи Шарлс Леклер од Ферари, додека неговиот тимски колега Себастија Фетел заврши на петтата позиција, зад Макс Верстапен од Ред бул.
Инаку, ова е најдобар старт на сезоната за Хамилтон во неговата кариера. ПОбеди на шест, додека на две од вкупно осум трки заврши како втор, а ова е четврта последователна победа за него, откако претходно прв ја поминуваше целта во Монако и Шпанија, а во Канада по казната на Фетел ја доби и таа трка. Тимот на Мерцедес воедно ја оствари 50-тата јубилејна еден-два победа откако се осамостои во Формула 1.