Бразил синоќа убедливо со 5:0 го победи Перу и на тој начин го обезбеди првото место во групата. На Кариоките не им беше потребна толку убедлива победа, но на петте гола на Бразил меѓу оние кои најмногу се радуваа беа Аргентинците. Зошто Гаучосите би се радувале на погодоците на најголемиот фудбалски ривал?
Со петте примени гола Перу сега има гол разлика од три дадени и шест примени гола, односно минус три гол разлика, додека на контото им останаа четири бодови. Ваквата лоша гол разлика на Перу најмногу ѝ одговара на Аргентина. Гаучосите имаат само еден бод по двете кола и гол разлика (1:3). Во последното коло Аргентина игра против Катар, каде доволно им е и минимална победа за да бидат сигурни во нокаут фазата.
Со четири бода, Аргентина дури и да биде третопласирана во својата група, ќе биде пред Перу, поради подобрата вкупна гол разлика. Ако Перу загубеше со еден или два разлика од Бразил, Аргентина ќе требаше вечерва да брка победа со повеќе дадени голови. На овој начин, Аргентина и со минимална победа е сигурна во следната фаза.
Во вториот меч од Б групата, вечерва играат и Колумбија и Парагвај. Колумбија има максимални шест и е сигурен во нокаут фазата, додека за Парагвај ќе зависи и исходот од вториот меч од групата.