Зошто Барселона пет години не може да освои ЛШ? Меси е виновен

Некогашниот врвен фудбалски стратег Луи ван Гал има интересна теорија за тоа зошто Барселона веќе пет години никако не успева да стигне до титулата во Лигата на шампиони. Холандскиот тренер во пензија, во кариерата бил на клупата на Барселона, но и на други европски гиганти како што се Ајакс, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед. Тој вели дека поголемото форсирање на индивидуалната игра на Лионел Меси е кобно за каталонците во европското елитно натпреварување.

„Не сум во соблекувалната на Барселона и не можам да оценам. Го сакам Меси како играч. Тоа е најдобриот индивидуалец на светот. Неговата статистика е неверојатна. Ми се допаѓа како игра. Сепак, кога ќе се запрашаме зошто Барселона пет години не може да стигне до титулата во Лигата на шампиони, мојот одговор е дека е тоа поради Меси. Како капитен мора да се запрашаш зошто екипата не може да ти победи во Европа. Верувам дека Меси е одоговрен за тоа што се случува во Барселона, а не само тренерите. Играчите сносат голема одговорност за тоа што се случува со екипата. Во клубот има 30 играчи и сметам дека Меси треба да се прилагоди на екипата, а не цела екипа на него“, вели Ван Гал.

Според холандскиот тренер, последен кој успеал да го подреди Меси да биде во функција на тимот бил Пеп Гвардиола. Барселона во последнава сезона загуби во полуфиналето од Лигата на шампиони од Ливерпул, а потоа доживеа и дебакл во финалето на Купот на Шпанија, откако загуби од Валенсија, иако каталонците беа во улога на голем фаворит. Барселона во последната година, во клупските витрини го доведе само трофејот од Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести