Челниците на францускиот првак Пари Сен Жермен јавно кажаа дека се подготвени да го продадат Нејмар, но тоа мора да биде за некоја разумна цена. Откако беа одбиени понудите на Барселона и Реал Мадрид за замена на играчи со доплата од страна на шпанските гиганти, ПСЖ сам се обиде да најде решение.
Првите луѓе на ПСЖ контактирале со челниците на Манчестер јунајтед и понудиле замена на играчите. Нејмар да замине на „Олд Трафорд“, а во Париз да пристигне Пол Погба. Иако делува дека Манчестер би профитирал од оваа трампа, „црвените ѓаволи“ ја одбиле понудата. Тоа е така затоа што англискиот гигант не може да си дозволи да ја плаќа платата која Нејмар ја добива во ПСЖ, а тоа е 900.000 фунти на неделно ниво. Ниту еден играч во Манчестер не добива ни половина од тоа што го заработува Нејмар.
Откако било увидено дека Манчестер не може да го плаќа Нејмар по сумата која ја има договорено во ПСЖ, оваа понуда за трампа била одбиена. На ПСЖ му останува да продолжи да го бара вистинското решение за тоа како да го продаде Нејмар, но францускиот првак да биде во добивка.
Manchester United 'TURN DOWN Neymar swap deal for Paul Pogba offer from PSG as Brazilian's wages would be too expensive' https://t.co/HAI7bJSi5D
— MailOnline Sport (@MailSport) June 24, 2019