Екс тенисерот и некогашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Германецот Борис Бекер, стави на продажба лични работи, трофеи и сувенири, во вредност од 200.000 фунати. На Бекер парите му требаат за да ги исплати долговите кои ги има.
Бекер продава реплики од пехарите од Вимблдон, САД опен и Дејвис купот, потоа медали, како и лични работи како рекети, часовници, стегачи, па дури и чорапи. Аукцијата преку интернет ќе трае до 11 јули, а ја организираат неговите стечајни управници.
Човекот кој има освоено шест гренд-слем титули, во јуни 2017 година прогласи банкрот, а досега ја одложуваше аукцијата повикувајќи се на дипломатскиот имунитет кој му го дава функцијата аташе за спорт и култура на Централно африканската република.