Барселона активно работи на мисијата да го врати Нејмар на Камп Ноу. Каталонскиот гигант испрати првична понуда според која го нуди Филипе Кутињо плус 100 милиони евра, а за возврат да го добие Нејмар. Бразилецот дури имал и состанок со челниците на Барселона и се согласил да се врати во стариот клуб и тоа за помала плата од тоа што сега ја добива во ПСЖ.
Сепак, останува најбитното, а тоа е францускиот првак да се сложи да го продаде својот најскап фудбалер. Нејмар дојде во ПСЖ во 2017 година за трансфер вреден 222 милиони евра, но сега се кае и сака да се врати во редовите на првакот на Шпанија.
Од ПСЖ порачаа дека Кутињо плус пари е неприфатлива понуда. Ако Барселона го сака Нејмар, тогаш во пакет ќе треба да ги даде Кутињо и Дембеле. Оваа опција е неприфатлива за Барселона, која дозволува ПСЖ да одбере еден од двајцата играчи и плус да платат пари, но никако да се откажат од двајцата играчи.