Бразил е првиот полуфиналнист на Копа Америка, откако рано утрово дури по подобро изведување на пенали го елиминираше Парагвај. Нареден ривал на Кариоките ќе им биде подобриот од дуелот Венецуела – Аргентина кој се игра вечерва во 21 часот.
Еден од најдобрите играчи на Бразил, Филипе Кутињо вели дека не би сакал за ривал да ја има Аргентина, во чиј тим предводник е Лионел Меси.
„Ќе биде многу тешко ако играме против Лионел Меси. Тој може само со еден потег да направи неговиот тим да победи. Сепак, уште не знаеме против кого ќе играме. Наше е да бидеме добро подготвени за следниот натпревар“, вели Кутињо.