Се промашија во Малага и Леганес, погодија кога е најважно за Мароко

Нордин Амрабат и Јусеф Ен Несири ја изиграа одбраната на Брегот на Слонова Коска во 23. минута, доволно за победа на Мароко во дербито на Д групата на Африканскиот куп на Нации.

Двајцата соиграчи што се најзаслужни за победата на Мароканците конечно заиграа заедно на големо натпреварување, откако двапати се промашија во исти клубови, во Малага и во Леганес.

Ен Несири, кој со гол ја круниса прекрасната акција на Амрабат, пристигна во Малага и во Леганес, откако неговиот повозрасен соиграч си заминуваше од тие два шпански клубови. Погодокот на Ен Несири можете да го погледнете ОВДЕ.

Сега играа заедно во дресот со национални симболи и се најзаслужни за втората победа на Мароканците. Тие се лидери во Д групата со шест бода и им треба само реми против Јужна Африка во последната рунда за да го задржат првото место.

Брегот на Слонова Коска има три бода и уште еден меч во фазата по групи против Намибија и со евентуална победа и тие ќе се најдат во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести