Леклер на пол-позиција, нова катастрофа за Фетел

Шарл Леклер од Ферари по втор пат во кариерата ќе тргне од пол-позиција на една трка од Формула 1 шампионатот. Младиот пилот од Монако со својот црвен болид беше најбрз на официјалните квалификации во Австрија и утре ќе тргне од првата позиција, со надеж дека ќе ја прекине доминацијата на возачите на Мерцедес кои ги добија сите трки годинава.

Втор ќе тргне лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, а од вториот ред ќе стартуваат Макс Верстапен од Ред Бул и Валтери Ботас од Мерцедес.

За да не биде се најдобро во Ферари, „се погрижи“ проблемот со болидот на Себастијан Фетел. Германецот не извозе круг во последната сесија, па утре ќе мора да стартува од деветтата позиција. Доколку дефектот на Ферарито е поголем, и Фетел треба да смени некој дел, тоа ќе значи тргнување од уште поназад.

- Оглас -

Најнови вести