Маркос Љоренте, Даниел Себаљос, Тео Ернандес, Борха Мајорал, и Хесус Валјехо, во летото 2017 година потпишаа за Реал Мадрид, за да бидат квалитетни резерви за стартерите на нивните позиции, но сега тие се прекубројни за тренерот Зинедин Зидан.
Љоренте прејде во Атлетико Мадрид, Тео ќе се пресели во Милан, Мајорал истотака ќе биде продаден откако играше за Леванте како позајмен, а неизвесно е што ќе се прави со Себаљос и Валјехо, но и нив им се заканува слична судбина како на другите тројца.
Летово Реал прави посериозна реконструкција на тимот, а тренерот Зинедин Зидан, не смета сериозно на ниту еден од овие претежно млади играчи кои дојдоа пред две години. Зизу не сака млади играчи, сезонава нема да смета ниту на левиот бек Серхио Регилон, додека пред продажба во Бенфика е напаѓачот Раул Де Томас кој изминатата сезона играше за Рајо Валјекано.