Репрезентацијата на Романија до 21 години беше пријатно изненадување на претстојното младинско ЕП. Романците стигнаа до полуфиналето каде загубија од Франција, а до таму беа предводени од младата ѕвезда Јанис Хаџи. Талентираниот офанзивец на Виторул константа е син на легендарниот Георге Хаџи, „Балканскиот Марадона“ како што го нарекуваа кога играше во дресот на Галатасарај и Барселона.
Токму каталонскиот гигант сега се обидува да го купи синот на нивниот поранешен играч. Шпанскиот првак наводно понуди осум милиони евра за услугите на одличниот Хаџи. Од таборот на Виторул тврдат дека Барса не е единствената екипа која се интересира за него, но ова може да му биде животна прилика да го облече дресот на еден од најсилните тимови во светот.
Георге вели дека неговиот наследник нема да избрзува со одлука, заедно ќе ги разгледаат сите опции, но се верува дека на крајот ќе ја прифати понудата на Барса.
Инаку, младиот Хаџи еднаш се проба надвор од Романија, две години беше во младинскиот тим на Фиорентина и не успеа да се наметне во првиот тим на Виолетовите, па се врати во Виторул.