Каква легенда – Сам си го намести коленото и со насмевка продолжи да игра (Видео)

Џо Вестерман имаше легендарен потег и сам успеа да се справи со тешката повреда на коленото на дербито меѓу неговиот Хал и Хал Кингстон Роверс.

Во 77. минута корпулентниот рагби играч на Хал незгодно падна, а десното колено „излезе“ од лежиштето, што предизвика паника кај играчите на теренот, но и во публиката.

Но, Вестерман реагираше смирено, со неколку удари сам си го намести коленото и со насмевка продолжи да игра.

https://twitter.com/SuperLeague/status/1144368239205638144

„Ја погледнав ногата и видов дека коленото е излезено од лежиштето. Малку се уплашив, потоа ми изгледаше чудно, но за среќа успеав сам да го наместам. Немав болка и продолжива да играм“, изјави Вестерман.

 

- Оглас -

Најнови вести