Емил Павлов го освои третото место во својата група по три борби во Кумите, категорија до 60 килограми на Европските игри во Минск и не успеа да се пласира во полуфиналето.
Во неочекуван расплет и без пораз македонскиот претставник сепак не успеа да мине понатаму. Павлов не загуби ниту еден од трите дуели, а кобен за него беше вториот меч против Азербејџанецот Фирдовски Фарзалиев.
Тој дуел заврши нерешено 3:3, но со судиска одлука Фарзалиев беше прогласен за победник. Претходно во исцрпувачка битка со Анџело Крешченцо немаше победник, во меч без ниту еден поен, а победата над Белорусот Булатав со 5:0 беше пирова за Павлов и недоволна за пласман во полуфиналето.
За таков расплет придонесе и ремито без поени меѓу Фарзалиев и Крешченцо, што им одговараша на двајцата каратисти за полуфинале.