На првиот ден од преодниот рок во НБА-лигата, се случија неколку големи преселби кои го здрмаа САД, но и остатокот од светот. Кевин Дурант и Кајри Ирвинг со потписите за Бруклин нетс моментално се најактуелна тема. Меѓутоа, често се споменува името на најкорисниот играч од финалето, Кавај Ленард.
Имено, тој е желба на сите клубови кои можат да му понудат максимален договор, а како најзагреани се екипите од Ел-Еј, Лејкерс и Клиперс. Во Градот на Ангелите дури се појави мурал од Ленард во дресот на Езерџиите, а сето тоа е масло на познат ди-џеј и продуцент, Стив Аоки.
Покрај муралот, Аоки го мами Ленард и со бесплатна пица до крајот на неговиот живот само за да потпише со Лејкерс. Не треба да се споменува колку Ленард би го засилил веќе квалитетниот тим на втората најуспешна франшиза во НБА, знаејќи дека претходно кај Леброн Џејмс пристигна и Ентони Дејвис.