Италијанците без Балотели ќе атакуваат на Португалијa

Марио Балотели по подолго време се врати во репрезентацијата на Италија, но, немаше „камбек“ каков што очекуваше. „Аѕурите“ спасија глава против Полска (1-1), додека Балотели одигра дaлeку под неговото ниво. Репрезентативнта пауза за него продолжува во надолна линија, откако поради повреда на листот е повлечен од составот и нема да настапи вечерва против актуелниот европски шампион Португалија.

Напаѓачот е седмиот репрезенттивец кој поради повреда нема да биде на располагање кај Манчини, на трибините ќе им се прикчучи на Кранго, Ругани, Заниоло, Бираги, Запакоста и Пелегрини.

Познато е дека Португалија ќе биде без својот капитен Кристијано Роналдо, кој претходно ѝ соопшти на Португалската федерација дека нема да настапи на овој циклус од Лигата на нациите со цел да се фокусира кон подобрување на формата во Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести