Рејли Опелка со победата над Станислас Вавринка го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек од вториот ден на тенискиот гренд слем Вимблдон. За Опелка, ова е најголем триумф во кариерата бидејќи првпат ќе игра во трето коло на еден гренд слем турнир.
Овој 22-годишен Американец водеше со 1-0 во сетови, па Стас направи пресврт за 2-1, но последните два сета му припаднаа на Опелка, петтиот со 8-6 во гејмови, и тој оди во третата рунда. Мечот траеше 3 часа и 13 минути. Следен противник на Опелка ќе му биде најверојатно Милош Раониќ.
Денеска имаше и два предадени мечеви кои не се доиграа. Кецмановиќ губеше 0-2 во сетови и се предаде поради повреда против Французинот Пер, а кај жените, Гаспарјан водеше со 1-0 и беше на праг да го загуби вториот пред да ја повреди ногата и да се предаде против Свитолина.