Најубавата тенисерка е заљубена во Ник Кирјос?

Проблематичниот австралиски тенисер Ник Кирјос го заврши настапот на Вимблдон, па ќе има повеќе време за слободни активности, меѓу кои и бркање девојки, а се чини дека веќе ја има „уловено“ канадската тенисерка Еужени Бушар, која е попозната по својот изглед отколку по резултатите на теренот.

Кирјос, кој предизвикува внимание со циркузантско однесување и навредување на колегите и судиите, очигледно како таков е привлечен за Бушар, која со нејзината сестра Шар беа во ложата на Кирјос заедно со тренерот на Австралиецот со грчко потекло.

Жени постојано се смешкаше и аплаудираше додека Ник водеше битка со Рафаел Надал, а објавуваше и слики од лице место, пропратени со срциња. Исто така, Бушар го бранеше потегот на Кирјос кога тој освои поен на необичен начин, со сервис од под рака, и вели дека тоа е тактика и дека тој удар е дозволен во тенисот.

И Бушар е во аут, таа испадна во првото коло на Вимблдон, но многу е активна на социјалните мрежи со своите фотографии на кои го истакнува своето тело.

- Оглас -

Најнови вести