Арсенал наиде на пречка во обидот да го доведе Вилфред Заха. Кристал Палас бара астрономска сума од 100 милиони евра за нивниот најдобар играч, па затоа Топчиите полека се откажуваат од тој сон, нивна нова цел е Лукас Васкес од Реал Мадрид.
Како што известуваат одредени шпански медиуми, претставици на лондонскиот клуб биле во Мадрид за да преговараат околу услугите на Шпанецот, а се верува дека Реал ќе прифати сума од 35 милиони евра.
Умери долго време се интересира за Васкес кој не е во плановите на Зидан во новата сезона, така што предводникот на Арсенал е блиску до сосаботка со својот сонародник.
Арсенал следната недела ќе ги започне подготовките за новата сезона, па затоа притискаат што побрзо да се оствари овој трансфер, со цел Васкес да се приклучи на првиот тим.