Сенегал закажа четвртфинална пресметка со Бенин на Афкон благодарение на Садио Мане, кој го постигна единствениот гол во дуелот против селекцијата на Уганда. Ѕвездата на Ливерпул ја реши средбата уште во воведните петнаесетина минути од мечот, па сега е прв стрелец на африканскиот шампионат со три погодоци.
Мане можеше и да го зголеми своето конто, но не ја искористи шансата од белата точка во второто полувреме. Најдобриот играч на Сенегал сепак, ја пренесе голгетерската форма од Ливерпул и на континенталниот собир.
За Црвените изминатава сезона постигна вкупно 26 гола во сите натпреварувања, од кои 22 во Премиер лигата и беше избран за најдобар стрелец заедно со колегата Мо Салах и Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал. Треба да се напомене дека сите погодоци на Мане се постигнати од игра, ниту еден од пенал.
https://streamable.com/jkex3