Атлетичарот Хагос Гебривет преку ноќ стана тема за потсмев по глупоста што ја направи на Дијамантската лига. Во трката на 5000 метри, Гебривет мислеше дека е последен круг и го забрза темпото во последните 400 метри за прв да ја мине целта. При тоа не го служна ѕвоното кое означува дека има уште еден круг за трчање и почна да се радува, а противникот кој беше зад него продолжи со трката и го престигна.
Гебривет на крајот заврши на 10-тото место, откако немаше сили во исто темпо да го истрча последниот круг.