Втората најтрофејна франшиза во НБА, ЛА Лејкерс, потфрли во обидот да го ангажира Кавај Ленард, кој го избра градскиот ривал Клиперс за следна дестинација. Езерџиите за утеха ги добија услугите на Дени Грин, неодамнешниот чен на шампионот Торонто репторс.
Грин треба да стави потпис на двегодишен договор во вредност од 30 милиони долари, а освојувачот на две шампионски титули (една со Сан Антонио и една со Торонто) повторно ќе соработува со Леброн Џејмс, откако една сезона заедно играа во Кливленд.
Лејкерс исто така го вратија и центарот Џавал Мекги во своите редови. Мекги исто така ќе потпише двегодишен договор и ќе заработи осум милиони долари.