Бразил води со 2:1 против Перу по првото полувреме во финалето на Копа Америка. Кариоките се големи фаворити за трофејот, а тоа го покажуваат и на теренот. Домаќините брзо стигнаа до водство, благодарение на голот на Евертон, а потоа продолжија да доминираат, но не успеаа да дадат втор погодок.
Перу, кој во групната фаза од овој турнир загуби со 5:0 од Бразил, овојапат игра многу подобро. Тоа резултираше со погодок на Пауло Гереро од пенал во 44 минута. Еден од играчите на Бразил играше со рака во шеснаесетникот и арбитарот покажа дека тоа е доволно за пенал.
Гереро не греши од 11 метри и стигна до третиот погодок на овој турнир, а вкупно 14 погодок во историјата на Копа Америка за голгетерот на Перу.
Сепак, иако се мислеше дека ќе биде нерешено на полувреме, Бразил во судиското надополнување повторно се израдува. Габриел Жезус одлично реагираше и успеа да пласира во мрежата на Перу.
Gabriel Jesus restores Brazil's lead!#CopaAmerica #ManCity pic.twitter.com/p7cEzGRZJu
— City Report (@cityreport_) July 7, 2019