Даде гол, асистираше, па доби црвен картон и плачеше како мало дете (Видео)

 

Габриел Жезус блескаше во текот на целиот турнир на Копа Америка. Дека е еден од лидерите во селекцијата на Бразил, Жезус покажа и во финалето. Најпрво имаше одлична асистенција за првиот погодок на Бразил, а потоа самиот реализираше за 2:1 пред крајот на првото полувреме.

Сепак, вториот дел не беше како што посакува Жезус. Откако во 30 минута доби жолт картон, во 70 минута по втор пат доби јавна опомена и автоматски заработи црвен картон. Жезус не можеше да се помири со тоа дека е исклучен и само што го напушти теренот, почна да плаче како мало дете.

- Оглас -

Најнови вести