Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус, вчерашниот 7 јули нема никогаш да го заборави бидејќи со асистенција и гол во финалето придонесе за победа на Бразил на Копа Америка, но доби и црвена картон и не го доби признанието за најкорисен поединец.
МВП на финалето беше Евертон, кој е вистинско откритие на Копа Америка, и играчот на Гремио веројатно наскоро ќе добие богата понуда за трансфер во Европа. Евертон со три гола е и прв стрелец на Копа, заедно со ветеранот Пауло Гереро од Чиле.
Бразилците по 12 години, станаа прваци на својот континент, славеа на „Маракана“ во Рио, исто како што славеа и пред три години на олимпискиот турнир, но овој пехар има поголема вредност за нив.
Габриел Жезус е еден од ретките фудбалери кои за помалку од една година, освои пет трофеи. Тој со Сити во Англија ги освои: Премиер лигата, ФА купот, Карабао купот и Комјунити шилд, а петтиот пехар му е овој на Копа Америка со својата репрезентација.
Сезонава од играчите на Сити пет пехари освоија и Бернардо Силва (со репрезентацијата освои Лига на нации), Едерсон и Фернандињо (беа во составот на Бразил).