Триумфот на Копа Америка 2019 за Бразил беше деветти во ова регионално натпреварување, но за земјата која пет пати била светски првак овие девет титули на Копа се скромни, особено ако се знае дека ова натпреварување е постаро од Мундијалот и се одржувало почесто отколку СП.
И натаму најуспешна нација во историјата на Копа се Уругвајците, кои 15 пати го кревале победничкиот пехар. Веднаш зад нив е Аргентина со 14 титули, но последната за Гаучосите е во 1993 година (Бразил оттогаш има дури пет). Можеби следната година на свој терен и во Колумбија ќе успеат да го стигнат Уругвај.
По 2020, наредната Копа ќе биде во 2024, па 2028 и така на секои четири години. Ова значи дека Бразил уште долго време нема да може да ги нападне првите две места на Уругвај, односно на Аргентина.
Освен Уругвај, Аргетнина и Бразил, титули на Копа имаат и Парагвај (две), Чиле (две), Перу (две), Колумбија (една) и Боливија (една).