Миротиќ претставен во Барса – дебито ќе му биде против Реал Мадрид

Никола Миротиќ веќе е нов играч на Барселона, клубот за којшто во 2012 година, кога беше во Реал Мадрид, велеше дека никогаш не би заиграл за Каталонците. Шпанецот со црногорско потекло и роден во Подгорица ја напушти НБА-лигата за да стане најплатениот кошаркар во Евролигата. Во Барса, тој ќе го носи дресот со број 33.

Она што посебно привлекува внимание е дека првиот официјален натпревар на Миротиќ како играч на Барселона ќе биде на 22 септември, и тоа во Мадрид против Реал. Тоа ќе биде дуел од Суперкупот на Шпанија и сигурно е дека ќе има тензии бидејќи фановите на Реал не можат да му го простат „предавството“. Сепак, тој меч е само на една недела по завршувањето на Светското првенство во Кина и ако Миротиќ таму настапи за „црвената фурија“, може и да не игра на Суперкупот.

„Ова е мој живот, моја одлука. Задоволен сум со одлуката да потпишам за Барселона и семејството ме поддржува. Разговарав со тренерот Пешиќ, и тој е задоволен што ќе работиме заедно. Ме привлече проектот кој се планира тука. Не сакав да се вратам во Европа на 33 или 34 години. Сакам да помогнам да освојуваме трофеи. Знам дека многу ќе се очекува од нас, но тој притисок може да биде и позитивен“, рече Миротиќ при претставувањето.

 

- Оглас -

Најнови вести