Една од ѕвездите на Ајакс не мрда од Амстердам до 2023 година

Душан Тадиќ одлучи да не го менува дресот на Ајакс, иако во последниве неколку месеци се појавија информации дека Милан, Баерн, но и неколку кинески клубови сакаат да го купат во летниот преоден рок. Српскиот репрезентативец имаше договор со Ајакс до 2022 година, а сега таа соработка ја продолжи до 2023 година, со што само потенцираше дека неговото место е на „Амстердам арената“.

Според овој договор, многу лесно може да се случи 30-годишниот Тадиќ всушност и да се пензионира во Ајакс. Минатата сезона офанзивниот играч за врска одигра вкупно 56 средби во сите натпреварувања и имаше неверојатно добар скор од 38 голови и 24 асистенции. Иако не игра како класичен напаѓач, со 28 голови беше најдобар стрелец во домашното првенство и е еден од најзаслужните за освојување на титулите во првенството и Купот на Холандија.

Тадиќ во Ајакс дојде во 2018 година од екипата на Саутхемптон.

https://twitter.com/AFCAjax/status/1148252766185426947

- Оглас -

Најнови вести