Фудбалски спектакл во колосеум (фото)

Во Истра, Хрватска, вчера се одржа ревијален спектакл меѓу легенди на Баерн Минхен и генерацијата 98‘ на хрватската репрезентација која го освои третото место на Светското првенство во 1998 година. Средбата во мал фудбал се одигра во колосеумот во Пула, на терен со вештачка трева со димензии 40×20.

Античкиот амфитеатар, кој е стар повеќе од 2000 години, за првпат стана фудбалска арена во мечот во кој легендите на Баерн славеа со 3-2. Инаку, овој ревијален натпревар е организиран од страна на туристичката заедница на Истра во рамките на баварскиот гигант, чија иницијатива е на Нико Крањчар, поранешен хрватски репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести