Рафаел Надал очекувано го совлада Сем Кереј со 3-0 во сетови (7-5, 6-2, 6-2) и закажа битка за пласман во финалето против Роџер Федерер. Старите ривали по 40-ти пат ќе ги одмерат силите меѓу себе, а победата ќе значи дуел против еден од втората полуфинална двојка, Ѓоковиќ и Баутиста.
Средбата во полуфиналето ќе им биде прва на Вимблдон по финалето од 2008 година, кога Надал славеше со 3-2 во сетови против Швајцарецот.
Се очекува да биде епска битка меѓу главните фаворити за освојување на титулата покрај Ѓоковиќ, бидејќи и Надал, но и Федерер се во феноменална форма. Дуелот е предвиден за во петок, со почеток од 14 часот.
"He's been in phenomenal form"
For the first time since 2008, @RafaelNadal and @rogerfederer will face each other at #Wimbledon pic.twitter.com/wvJvAlLweH
— Wimbledon (@Wimbledon) July 10, 2019