Осумкратниот освојувач на Златниот глобус, Марсел Хиршер, си го исполни сонот да вози мотоцикл од Мото ГП. Австриецот вчера сврти крукче на патеката „Ред бул ринг“ во Спилберг. Прво проба модел од Мото2 категоријата, а потоа се качи на моделот na KTM, кој го возат на Пoл Eспаргаро и Јохан Зарко.
„Многу луѓе сонуваат да влезат во болид на Формула 1, но мојот беше да возам Мото ГП мотоцикл. Посебно е чувството да се биде еден од ретките кои имале прилика да возат таква „ѕверка“, а да не се натпреваруваат во кралската класа“, истакна Хиршер.