Масовна тепачка се случила во Братислава, во која учествувале навивачи на холандскиот првак Ајакс и Краков, против поддржувачи на Лефски Софија. Инцидентот се случил во стариот дел од главниот град на Словачка, по што тој дел сега е затворен и опколен со полиција.
Направена е огрмона штета на неколку кафичи, јасно се гледа на видеоприлозите како наоколу летаат столчиња. Дел од навивачите се приведени во градската полициска станица.