Симона Халеп се пласираше во финалето на Вимблдон, откако без многу мака ја победи Елина Свитолина од Украина. Со оваа победа, Халеп стана првата романска тенисерка која успеала да стигне до финалето на неофицијалното светско тениско првенство.
Мечот траеше само нешто повеќе од еден час, а Свитолина успеа да освои вкупно четири гема. Халеп ја најави доминацијата кога првиот сет го доби со 6:1, а потоа какод а згасна мотивот кај противничката. Во вториот сет, беше 6:3, но заврши уште побрзо од првиот, па Халеп се израдува на местото во финалето.
The final awaits…@Simona_Halep reaches her first ever #Wimbledon final after beating Elina Svitolina 6-1 6-3 pic.twitter.com/Jq88sV4J8J
— Wimbledon (@Wimbledon) July 11, 2019
Халеп во 2014 година играше полуфинале на Вимблдон, но загуби од Еужени Бушар, а Симона има и една гренд слем титула – од ланскиот Ролан Гарос. За Свитолина голем успех е и самиот пласман во полуфиналето.