Легендарниот Бекер собра 765.000 евра од продажбата на трофеите

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Борис Бекер, се најде во незавидна ситуација откако остана без пари и во 2017 година прогласи банкрот. Според некои проценки, Германецот има долгови кои изнесуваат дури 50 милиони фунти.

За да успее да заработи некоја пара, Бекер реши да направи аукција на која ги продаваше трофеите што ги има освоено низ кариерата. На онлајн-аукцијата беа понудени 82 лични предмети на Бекер. Можеа да се купат медали, трофеи, рекети, часовници, фотографии и уште многу други предмети. Вкупно 495 луѓе од 32 земји учествуваа на аукцијата.

Најмногу било понудено за репликата од сребрениот трофеј на Отвореното првенство на САД за победата во 1989 година – вкупно 167.000 евра. Во големото финале, Бекер тогаш го победи Иван Лендл. На крајот од акуцијата, вкупната собрана сума изнесува 765.000 евра.

Бекер до неодамна беше тренер на Новак Ѓоковиќ, кој денеска ќе игра во полуфиналето на Вимблдон против Роберто Баутиста од Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести