Демаркус Казинс летово го напушти Голден стејт, но не и Калифорнија. Искусниот центар се пресели во Лос Анџелес, каде што ќе ги брани боите на шестнаесеткратниот НБА-првак по потпишувањето на едногодишниот договор.
Пред неколку дена играчите за првпат се собраа и ги започнаа подготовките за новата сезона во НБА, а тоа беше прилика да го прашаат Казинс околу преселбата во Градот на Ангелите.
„Како дојдов во Лејкерс? Па, Леброн и Рондо практично ме киднапираа. Тие двајца беа најупорни и успеаја да ме наговорат да потпишам за овој тим. Неколкупати имав прилика да бидам Езерџија, а мислам дека сега го направив тоа во вистински момент“, кажа Казинс.
Инаку, Езерџиите составија моќен тим со кој по подолго време ќе атакуваат на титулата. Покрај Казинс, најголемото засилување дојде од Њу Орлеанс пеликанс, во обликот на Ентони Веѓата Дејвис. Џејмс од лани е таму, така што очекувањата се големи од втората најтрофејна франшиза во НБА.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=54&v=eVye-BKpX7g