Еден од најдобрите млади играчи во Европа, 20-годишниот Романец Јанис Хаџи, е нов член на белгискиот шампион Генк. За услугите на Хаџи се интересираа и Барселона и Спартак Москва, но тој ја прифати понудата од Генк, каде би имал поголема минутажа во Лигата на шампионите.
Јанис е син на можеби најдобриот романски играч на сите времиња, Георге Хаџи, а и таткото беше присутен во Белгија кога синот потпишуваше договор.
Хаџи досега играше за клубот Виторул, па на Виторул ќе му припаднал 10 милиони евра. Ова е рекорден трансфер за фудбалер кој од романската лига се преселил во странство.
Генк е клуб во кој многу млади играчи подоцна станале ѕвезди. Членови на Генк во минатото биле голманот Тибо Куртоа, Калиду Кулибали, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Кевин Де Брујне, Кристијан Бентеке, итн. Сите овие играчи беа купени ефтино, а продадени повеќекратно поскапо.