Кошаркарот Огњен Кузмиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во Република Српска во БиХ, откако неговото Порше се судрило со друго возило од марката БМВ. Ова се случило на патот Бања Лука – Приједор, во раните утрински часови кога Кузмиќ се враќал од свадба. Според полицијата, коловозот бил влажен и веројатно неприлагодена брзина била причина за несреќата, по која се преврте возилото со кое управувал екс кошаркарот на Реал Мадрид, кој летово се врати во Црвена ѕвезда.
Кузмиќ (29) е во кома, има тешки повреди на главата (скршени му се горната и долната вилица) и градниот кош, не се знае дали ќе преживее, но лекарите се борат за неговиот живот и велат дека охрабрувачки е што кошаркарот нема хематом во мозокот. Тој треба да биде пренесен во Белград.