Репрезентативците на Сенегал се први финалисти на Африканскиот куп на нации откако во полуфиналната пресметка против Тунис славеа со минимални 1-0. Мечот во Каиро се одлучуваше во дополнителни 30 минути, откако мрежите и на двете страни мируваа во регуларните 90 минути.
Одлучувачкиот погодок се случи во 100-тата минута, откако при прекин на Сенегалците, Брон си ја смети во својата мрежа. Претходно двете селекции пропуштија шанси за водство – прво Саси утна пенал за Тунис во 75-тата минута, а шест минути подоцна Сајве исто така не го искористи ударот од белата точка.
Пласманот во финалето е прв за Сенегал во нивната историја, а противникот ќе го дознаат наскоро, по вториот полуфинален дуел меѓу Алжир и Нигерија, кој ќе започе за петнаесетина минути.
https://www.youtube.com/watch?v=i-npydZuj0s