Моментот кога Пеп зажали што се сликаше со фан на Ливерпул (фото)

Англискиот првак Манчестер сити моментално се наоѓа во Кина на претсезонски подготовки. Граѓаните се подготвуваат за првиот пријателски меч за ова лето, а ќе се сретнат против Вест хем на 17 јули во Нанжинг.

Во меѓувреме, менаџерот Пеп Гвардиола налета на турист кој навива за Ливерпул. Момчето побара да се слика со Шпанецот, а моментот го искористи да позира на посебен начин и воедно да направи сеир со Пеп. Момчето покажа шест прсти, односно бројот на европските титули на Ливерпул, па може да се каже дека Гвардиола зажали што прифати да се слика.

- Оглас -

Најнови вести