Историското ЕП 2020 веќе руши рекорди

Првата фаза од продажбата на билети за Европското првенство во фудбал во 2020 година урива рекорди. Европската фудбалска федерација доби неверојатни 19,3 милиони барања за билети. Колку само за споредба, во оваа фаза барањата за ЕП 2016 беа вкупно 11 милиони.

Очекувано, најмногу барања има за финалето кое на 12 јули 2020 година ќе се игра на „Вембли“ во Лондон. Вкупно 1,9 милиони барања се за мечот кој треба да го даде новиот европски првак. Тоа е 22 пати повеќе од капацитетот кој го има „Вембли“.

Следниот континетален собир ќе биде историски бидејќи за првпат ќе се игра во 12 различни земји, а тоа е во чест на прославата на 60-годишнината од првото ЕП. Држави домаќини ќе бидат: Азербејџан, Англија, Германија, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Холандија, Русија, Романија, Унгарија и Шкотска. Полуфиналните дуели и финалето ќе биде во Лондон на „Вембли“.

 

- Оглас -

Најнови вести