Филаделфија верува дека завршила голема работа откако го продолжи договорот на својот најталентиран играч Бен Симонс. Австралиецот доби договор на пет години, вреден максимални 170 милиони долари. Првиот пик на драфтот од 2016 година и покажа дека е вистинско засилување за Филаделфија.
Минатата сезона Симонс имаше просек од 16,9 поени, 8,8 скока и 7,7 асистенции по меч. Тој е познат како играч кој одлично може да се снајде од плејмејкер, па дури до крилен центар, односно на позиција 4. Со новиот договор, Симонс стана најскапоплатениот спортист од Австралија на сите времиња.