Италијанскиот првак Јувентус планира да го испрати Мерих Демирал да игра како позајмен играч во Милан, тврди „РАИ спорт“. Турскиот репрезентативец летово дојде во Јувентус од Сасуоло за трансфер вреден 18 милиони евра .
Сепак, тешко дека ќе се најде место за Демирал во првиот тим на италијанскиот првак, па затоа како најреална опција е тој да биде пратен како позајмен играч во друг клуб.
Милан веднаш се појавил како опција за Демирал, а двете страни се договориле, па дефанзивецот во новата сезона треба да го гледаме во „црвено-црниот“ дрес на клубот од „Сан Сиро“.