Секогаш кога играат Франција и Германија, во кој било спорт, а особено во фудбал, тоа е меч кој предизвикува големо внимание. Затоа тој дуел е главен и наш избор во петте меча за прогнозирање. Обидете се со понудата на SPORT LIFE со квотите на денот. Актуелниот и некогашниот светски првак се големи историски ривали на секое поле и победата вреди повеќе од трите бода во Лигата на нациите.
Франција – Германија (20.45 часот)
„Триколорите“ не се прославија многу по освојувањето на Светското првенство, одиграа без голови кај Германија, ја победија Холандија, а ремизираа со Исланд во пријателска средба. Германците по дебаклот од Холандија, паднаа во уште поголема криза, а од СП наваму го победиле само Перу. Особено лошо играат на гости. Последната победа на Германија против Франција е од 2014 година, а оттогаш, „галските петли“ имаат две победи и две ремија.
Предлог тип: Т1 1+ I T1 2+ (2.35)
Норвешка – Бугарија (20.45 часот)
Норвежаните се во добар ритам, имаат шест победи на последните седум меча, а единствениот пораз го претрпеа токму од вечерашниот противник. Бугарија дома славеше со 1-0 и ако остане непоразена, речиси сигурно ќе оди во Лига Б, но нашите соседи играат послабо на гости (шест порази на последните осум меча). Последните три меѓусебни дуели на овие тимови во Осло завршиле со 2-1, двапати за Норвешка, еднаш за Бугарија.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.65)
Словенија – Кипар (20.45 часот)
Домашните немаат избор, мора да победат ако сакаат да избегнат испаѓање. И Кипар не е многу подобар, па ова ќе биде битка за преживување. Традицијата вели дека ќе има голови, но не повеќе од три. Кипар има 12 порази на последните 13 гостувања.
Предлог тип: 1 (1.70)
Украина – Чешка (20.45 часот)
Украинците тргнаа одлично во Лигата на нациите, тимот на селекторот Шевченко цела година не знае за пораз. Пред еден месец, Украина ја победи Чешка на гости со 2-1, па и сега е фаворит. Чесите на последните 13 меча не одиграле нерешено, сега се поблиску до пораз отколку до три бода, но им се врати самодовербата по триумфот над Словачка.
Предлог тип: ГГ (2.20)
Република Ирска – Велс (20.45 часот)
Британската пресметка може дополнително да ги замрси работите во групата во која е уште и Данска. Ирците имаат само еден бод и ова им е шанса да побегнат од дното и да му се реваншираат на Велс за поразот во претходниот меч во септември. Гостите во Даблин заминаа без ѕвездите Бејл и Ремзи. На последлните две гостувања кај Ирска, Велс не даде гол.
Предлог тип: 1 (2.45)