Почнаа да викаат гол, гол, но… (Видео)

Како најава за големото градско дерби меѓу Лос Анџелес галакси и ФК Лос Анџелес се покажува ситуацијата која потврдува дека никогаш не треба да има предавање. Дефанзивецот на ФК Лос Анџелес, Мохамед ал Мунир го имаше потегот на неделата откако во претходното коло успеа на неверојатен начин да го спаси својот тим да не прими гол.

На мечот против Хјустон динамо, ЛА губеше со 0:1, а противникот имаше одлична шанса за втор погодок. Откако беше поминат и голманот, многумина очекуваа лесен погодок, но тогаш се појави Мунир, кој на неверојатен начин успеа да спаси чист гол.

Овој потег на Мунир како да им даде сила на играчите на ЛА кои во продолжение на дуелот дадоа три гола и победија.

 

- Оглас -

Најнови вести