Поранешен кошаркар на Карпош Соколи е уапсен, откако мртов пијан направил хаос

Кошаркарот Драган Лабовиќ е приведен од полицијата под сомневање дека на еден базен во Овча во Белград, под дејство на алкохол, направил хаос. Овој 32-годишен некогашен огромен талент на српската кошарка, пред неколку сезони го носеше дресот на Карпош соколи, кога тимот играше во АБА лигата и го освои Купот на Македонија.

Лабовиќ откако испил неколку пива, почнал да крши шишиња, и сочно да го пцуе и да му се заканува на 25-годишниот Лазар М., дека ќе му ја запали куќата. Ова се случило вчера околу 18 часот, а нападнатиот Лазар повикал полиција.

Кошаркарот поминал 12 часа во полициската станица Борча, а одбивал да направи алко-тест. Сепак, бил задржан „на трезнење“. Против него е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Не се знае зошто Лабовиќ „експлодирал“, но соседите велат дека им пречела гласната музика која што доаѓала од дворот каде имало журка покрај базен.

По заминувањето од Соколи, 207-сантиметри високиот Лабовиќ играше во Нокиа од Финска.

- Оглас -

Најнови вести